Нејзиното кралско височество принцезата Љубица Караѓорѓевиќ синоќа во Бели двор, кралската резиденција на семејството Караѓорѓевиќ го промовираше својот авторски првенец, книгата за деца „Борба за запис“. Делото е наменето за деца на возраст од 7 до 11 години, а како основен мотив ја има заштитата на животна средина, културно-историското наследството, личниот и колективен идентитет.
Промоцијата на книгата, која нè потсетува колку е важно да се зачува традицијата и наследството на нашите предци, се одржа токму во Кралската палата, зграда која е еден од најсилните симболи и чувари на традицијата на српскиот народ и Кралската куќа Караѓорѓевиќ. На промоцијата присуствуваа принцот-наследник Филип со сопругата принцезата Даница, принцот Александар и семејството на авторката: принцот Михаило и принцезите Линда, Наталија и Исидора.

„Борба за запис“ е поетска, слоевита приказна во стихови, наменета за деца, а со нив и за сите нас кои сакаме нашите деца да пораснат во добри луѓе. Ова е приказна за моќта на заедницата, за опасноста од заборавање, за наследството кое живее сè додека сме спремни да го зачуваме. И можеби нејзината најважна порака е и наједноставната: ако ги изгубиме нашите корени – сме се изгубиле себеси.
Зборувајќи за инспирацијата што ја почувствувала додека пишувала и мотивите што ја воделе додека го создавала своето литературно деби, принцезата Љубица нагласи: „Ова беше исклучително емотивна вечер за Михаило и мене, бидејќи го достигнавме денот да промовираме проект на кој работевме многу долго време и за кој лично многу се посветив, бидејќи е мое деби, мое прв навлегување во литературните води, па затоа ми беше навистина многу важно што се случи токму тука и со поддршка на престолонаследникот и секако на остатокот од семејството, кои беа на самата промоција.“
Љубица Караѓорѓевиќ е сопруга на принцот Михаило, чиј дедо е кралот Александар Први Караѓорѓевиќ убиен во Марсеј во 1934 година.