Битолчаните Ѓорески и Бојаџиев со изложба на театарски плакати на МТФ „Војдан Чернодрински“

Изложба на театарски плакати – дела на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, ќе биде отворена в сабота (7 јуни) во 18 часот во фоајето на Центарот „Марко Цепенков“. Изложбата е составена од околу 120 плакати и исто толку каталози за театарски претстави. Застапени се претстави од речиси сите македонски театри, како и дизајн на рекламни материјали за сценски проекти во: Хрватски, Бугарија, Италија, Франција, Русија.

Покрај нив застапени се и ликовни решенија и дизајн за повеќе изданија за МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп, Охридско лето, Мајски оперски вечери, „Браќа Манаки“, Фестивал на монодрамата во Битола. Некои од плакатите се наградувани на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Изложбата е своевидна визуелна презентација на македонските театри и пошироко во период од околу 30-ина години.

Христо Бојаџиев е македонски уметнички фотограф низ целата своја кариера работел во Битолскиот народен театар како музички и уметнички илустратор.

Владо Ѓорески е македонски и словенечки графичар, сликар, сценограф, историчар на уметноста, ликовен критичар, дизајнер на театарски плакати.