Џејмс Камерон по „Аватар“ ќе снима филм за месојадни џуџиња кои ја напаѓаат Европа

Џејмс Камерон објави на својата официјална Фејсбук страница дека ги обезбедил филмските права за мрачниот фантастичен роман „Ѓаволи“, кој го развива во долгометражен проект и ќе го напише откако ќе го заврши „Аватар: Оган и пепел“.

Фантастичната акциона приказна се фокусира на група чудовишта од специјалните сили собрани за да помогнат во спасувањето на Европа од закана – џуџиња што јадат месо.

Оригиналниот роман доаѓа од познатиот жанровски писател Џо Аберкромби, кој ќе биде коавтор на сценариото за филмот со Камерон.

„Сигурен сум дека оваа адаптација практично ќе се напише сама по себе бидејќи Џо пишува многу визуелно, речиси во сцени и со многу кинематографски структура. Едвај чекам да се задлабочам во ова откако ќе го завршам „Аватар“. Ќе биде нов предизвик за мене да ги оживеам овие неизбришливи ликови“, рече Камерон во официјално соопштение.

Секако звучи како „Ѓаволи“ да личат на дела како „Пеколот“ на Мајк Мињола и стриповите B.P.R.D., но со повеќе фантастичен пресврт, објавува ThePlaylist.

„Со години сум голем обожавател на прозата на Џо, уживајќи во секое ново дело. Оригиналноста на светот и ликовите во „Ѓаволот“ конечно ме натера да ги купам правата за романот и да соработувам со Џо за да ја донесам приказната на големото платно,“ – додаде тој.