Народен театар – Битола започна со пробите за својата шеста премиера оваа година односно рекордната тринаесетта премира за сезоната 2024/2025. Се работи на „Рибарски караници“ од Карло Голдони а во режија на Јован Ристовски.
Во претставата играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.
Оваа урнебесна комедија премиерно ќе се одигра на 25 јули под отворено небо во Античкиот театар на Хераклеја.