„Dnevnik duše“ – нов албум на The Frajle

Најпознатото трио од овој регион, шармантните The Frajle, ги воодушевуваат своите лојални обожаватели со нов студиски албум, кој овој пат го издадоа под знамето на Croatia Records. Албумот, насловен како „Dnevnik duše“, ни носи девет прекрасни песни со различни расположенија: од денс ритамот на свингот до нежни балади исткаени со најдлабоките чувства.

Преку своите песни, „Фрајле“ ни носат мир, среќа, спокојство, а од друга страна, ритам, волја за живот, сензуалност… Со своите живи хитови „Bosonoga“, „Višnje“, „Tamburaši“, тие ќе ги натераат сите да пеат и танцуваат и ќе ја подигнат атмосферата на трескавично ниво. Тие пееја заедно со страсниот и динамичен ритам на Barcelona Gipsy Balkan Orchestra, сето тоа испреплетено со опивачкиот звук на виолината. Баладата „Moje duše duša“, од друга страна, е безвременска химна на љубовта. A„Panonskom mornaru“ е еден вид почит кон Балашевиќ, кого „Фрајле“ секогаш го паметат со задоволство.

Различни гости честопати одговараат на соработка со нивните омилени женски музичарки со исклучителни вокални и инструментални квалитети. На пример, на песната „Prijatelj“, тие остварија одлична соработка со Сања Долежал, Сергеј Четковиќ, Лука Баси, Ади Шоше и Лозано. Тоа е ода за пријателството и пријателите кои секогаш се тука за нас, во добри и лоши времиња.

Во текот на нивните 16 години на сцената, секој нивни концерт е испреплетен со богатство од емоции и силна женска енергија. Тие се мајстори во воспоставување одлична комуникација со својата публика. Ова беше случај и со последните два распродадени концерти во март во Концертната сала „Ватрослав Лисински“. А на 18-ти октомври тие ќе одржат голем концерт во Македонската филхармонија.

„Фрајле“ ја потврдуваат својата титула „амбасадор на добрата забава“ од концерт до концерт.