Нова претстава започна да се работи во Театар Комедија. Денеска се одржа првата проба за претставата со работен наслов ,,Аматери” чија премиера се очекува на 15-ти октомври. Македонскиот режисер Синиша Евтимов освен режијата ги потпишува текстот и музиката на претставата.
Продуцент е Татјана Дешко а сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска.
Играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жарко Димоски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елена Кузманов.
Пробите следуваат по завршениот процес и премиера на 22-ри мај на „Секс, лаги и главоболки“ во режија на Александра Кардалевска.