Затвореници од струмичкиот затвор на претстава во Струмички театар

КПУ Затвор Струмица во соработка со НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, денес организираше културна посета на театар за група на осудени лица. Настанот се реализираше во рамки на програмата за ресоцијализација и рехабилитација преку култура и уметност.

Осудените лица имаа можност да ја проследат театарската комедија „Стилист“.

Оваа активност претставува дел од поширокиот напор за хумано постапување и подготовка на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и враќање во општеството. Посетата се одвиваше под строго утврдени безбедносни мерки и со претходна согласност од надлежните институции.

Управата за извршување на санкции упати голема благодарност до НУЦК „Антон Панов“, Транспортна фирма „Аце Превоз“, МВР-СВР Струмица и до целиот персонал во установата.