Во претстојната серија на HBO „Хари Потер“, улогите на Хари Потер, Хермиона Гренџер и Рон Визли ги добија нови млади актери и тоа Доминик Меклафлин, Арабела Стентон и Аластер Стаут.
Франческа Гардинер (шоуранер и извршен продуцент) и Марк Мајлод (режисер и извршен продуцент на повеќе епизоди) велат:
„По обемно пребарување предводено од директорите за кастинг Луси Беван и Емили Брокман, со возбуда објавуваме дека ги пронајдовме нашите Хари, Хермиона и Рон. Талентите на овие тројца исклучителни млади актери се навистина фасцинантни и едвај чекаме публиката ширум светот да ја доживее нивната магија на екранот. Би сакале да им се заблагодариме на десетиците илјади деца кои се пријавија на аудиција – беше вистинско задоволство да откриеме колку млади таленти има.
Серијата верно ќе ги следи саканите книги за Хари Потер, напишани и извршно продуцирани од Џ. К. Роулинг. Секоја сезона од серијата ќе ја донесе оваа магична приказна до новата и постоечката публика, ексклузивно на стриминг услугата HBO Max – вклучително и на претстојните пазари како Германија, Италија и Велика Британија. Оригиналните филмски класици ќе останат достапни за гледање низ целиот свет.
Серијата е напишана и извршно продуцирана од Франческа Гардинер, додека Марк Мајлод ќе режира повеќе епизоди и ќе биде извршен продуцент. Серијата е продуцирана. за HBO, во соработка со Brontë Film and TV и Warner Bros. Television, од Џ. К. Роулинг, Нил Блер и Рут Кенли-Летс од Brontë Film and TV, и Дејвид Хејман од Heyday Films.