„Еспресо Макијато“ по Евровизија доаѓа во Штип

Toomy Cash, претставникот на Естонија на овогодинешната Евровизија доаѓа на Д Фестивал 2025!

Актуелната евровизиска сензација пристигнува со својот вирален хит „Espresso Macchiato“ и импресивен настап на Главна бина! Новата музичка ѕвезда на Европа и моментно едно од највозбудливите имиња на светската поп-сцена, ни подготвува шоу кое ќе се памти.

На Д Фестивал 2025, од 4 до 6 јули во Штип настапуваат повеќе од 30 артисти, со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители! Но, НАЈВАЖНО! Ова лето мора да направиме големо дело! Наместо класични влезници, КУПЕТЕ ХУМАНИТАРЕН Д БИЛЕТ со кој директно донирате зан иницијативата Support Kochani.