Весна Петрушевска е добитник на наградата „Васил Иљовски“

Лауреат на наградата „Васил Иљовски“ на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2025“ е актерката Весна Петрушевска.

„Пресреќна сум за наградата, ова е огромно признание, а посебна важност има затоа што, верувале или не ова е моја прва театарска награда во Македонија. Во животот најмногу улоги остварив во комедијата, ја сметам за најсложена и најтешка форма, но истовремено и најблагодарна.“ – вели Петрушевска.

Одлуката ја донесе Советот на Фестивалот МТФ „Денови на комедија“ – Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата.

Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.

Лауерат на наградата минатата година беше Сашко Коцев.