Интересна рецензија за книгата песни од познатиот хрватски пејач и кантавтор Златан Стипишиќ – Џибони беше објавена во Академското списание на Универзитетот во Порторико.
Авторката, проф. Клаудија Изабел Вила Молина од Чиле, ја објави својата визија за книгата песни на шпански и хрватски јазик под наслов „Banderas de un imperio hundido (Знамиња на потоната империја)“, која беше претставена во Латинска Америка од издавачката куќа Исла Негра.
„Поетската визија на стиховите на Џибони е поврзана со егзистенцијални компликации – себеси, човекот, љубовните врски, семејството и други теми. Поетот ни претставува свет кој е нестабилен и кревок како самата човечка природа, која понекогаш сака да се потпре на божественото за да најде сигурност и да избегне ризици што водат кон пропаст. Затоа, песните од Златан Стипишиќ претставуваат прецизни и прекрасни фрагменти од неговиот поглед на сложениот, мрачен и повлечен живот во современото општество“, напиша, меѓу другото, проф. Клаудија Изабел Вила Молина.
Книгата на Штипишиќ „Banderas de un imperio hundido “, претходно уредена од Карлос Роберто Гомез, веќе е во фондот на Универзитетската библиотека во Доминиканската Република.