„Калигула“ – нова премиера на Кумановски театар

Кумановскиот театар ја најавува премиерата на претставата „Калигула“, по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески. Премиерата е закажана за 19 мај во 20 часот а претставата се игра на камерна сцена со ограничен број на посетители.

Во претставата играат актери од ансамблот на Театар Куманово: Марко Трајковиќ,  Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ и гостите Илин Јовановски, Никола Милошевски, Луна Маријановиќ, Теодор Јакимовски. Во претставата учествуваат и гости-танчери: Ева Пауновиќ и Јована Таневска.

Ова е еден од двата проекти за македонска драма поддржани од Министерството за култура и туризам.