„Дипломиран гледач“ – српски театар отвори школа за публика

Књажевско-српскиот театар од Крагуевац од денес почнува да спроведува едукативна програма во текот на мај т.н. Школа за публика, програма предводена од д-р Љубица Ристовски, театарски експерт.

– „Целта на Школата за публиката е да ја анимира и едуцира публиката. Сакаме да привлечеме нови луѓе во театарот, да го зголемиме бројот на публиката, како и да го подигнеме нивото на знаење за театарската уметност“, нагласуваат од КСТ Крагуевац.

Според нив, Школата за публиката е отворена за сите заинтересирани, без разлика дали само планираат да се „заразат со магијата на театарот“ или за нивните редовни гледачи кои сакаат да „го надградат своето знаење за театарот“.

Предавањата се поделени на области, а учесниците ќе научат повеќе за создавањето театарска претстава, режијата, драмскиот текст, уметноста на глумата, сценографијата, костимите, театарската музика.

Школата за публика „Дипломиран гледач“ ќе се одржи од 9 до 31 мај, двапати неделно. Во последната недела, учесниците ќе ги сумираат стекнатите знаења и ќе анализираат театарска претстава.

Ве очекуваме во театар, велат организаторите, поканувајќи ги жителите на Крагуевац на оваа, според нив, единствена можност да научат како се создаваат театарски претстави и како да ги гледаат преку едукативна анимација дизајнирана и водена од д-р Љубица Ристовски.