Легендарниот фронтмен на „Бијело дугме“, Горан Бреговиќ прогласен е за persona non grata во балтичката земја Латвија. Информацијата ја потврди и латвискиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис за време на гостување на националната телевизија. Бреговиќ беше ставен на црната листа заедно со руско-литванската пејачка Кристина Орбакаите.
Горан Бреговиќ беше прогласен за непожелен во Латвија бидејќи неколку пати настапувал во окупираниот Крим од 2014 година. Латвиската служба за државна безбедност (ВДБ) наведува дека музичарот честопати јавно изразувал поддршка за Русија, со што ширел дискредитирачки пораки против западните земји.
Латвискиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис изјави на националната телевизија дека е неприфатливо со учество на јавен настан на окупираната територија да се поддржува агресијата врз Украина.
„Латвија ја поддржува Украина и ќе продолжи да го прави тоа, па за нас во овој случај тоа е дефинитивно неприфатливо“, рече Козловскис. Според проценката на ВДБ, постапките на лицата кои ја поддржуваат руската агресија во Латвија не се во интерес на националната безбедност на нашата земја бидејќи можат да поттикнат меѓуетнички тензии во латвиското општество.“ – вели министерот.
Бреговиќ и Кристина Орбакајте, кои настапуваа и во окупираниот Крим, планираа настапи во Латвија, но сега се очекува тие да бидат откажани, а ВДД и Министерството за внатрешни работи ги повикуваат организаторите на концертите да бидат внимателни при ангажирање странски уметници, бидејќи секој што претходно настапувал во Русија или окупираните територии во Украина се смета за поддржувач на руската агресија.