Мега ѕвездата и миленикот на жените на 80-тите години на минатиот век, Даниел Поповиќ, по 50 години кариера објави дует со неговиот син. Повеќето луѓе не се ни сеќаваат на минатогодишната песна со која учествуваат на Евровизија земјите на поранешна Југославија, а неговата „Џули“ е омилена веќе 42 години. Со неа, Поповиќ го освои високото четврто место во Минхен во 1983 година. Ова, заедно со настапот на Лола Новаковиќ во 1962 година, беше најдобриот пласман на Југославија на Евровизија се додека групата „Рива“ не победи со песната „Rock Me Baby“ во 1989 година.
Животот му го одбележа песната „Џули“. Албумот на кој е издаден е продаден во фантастични 717.166 примероци и уште 80.883 како сингл, што никогаш не е остварено за време на постоењето на СФРЈ. А сега за прв пат заедно на сцената, како рамноправни музички соработници, ќе бидат татко и син: Даниел и Себастијан Поповиќ. Нивниот прв заеднички дует носи многу повеќе од музичка соработка – тоа е остварување на сонот, длабоко лична приказна и емотивна врска што созреваше низ годините во песната „Одлазим“.
„Ова е соработка што засекогаш ќе ја паметам со гордост – конечно снимив дует со татко ми. За мене оваа соработка не е само музички проект, туку и исполнување на долгогодишна желба и длабоко емотивно искуство што ги поврзува нашите семејни и уметнички врски. Работата со некој кој ме научи, инспирираше и ме поддржа на моето патување од мали нозе.“ – вели Себастијан.
Песната својата премиера ќе ја има на фестивалот ЦМЦ, а е придружена со видео запис кој дополнително ја зајакнува пораката за љубов, заедништво и страст за музиката. Соработката веќе предизвика голем интерес кај публиката, која со години поединечно ги следи кариерите на Даниел и Себастијан, а сега има можност да ги слушне заедно во уникатен дует.
„Се надевам дека оваа песна ќе се појави не само како забавна и висококвалитетна музичка содржина, туку и како сведоштво за љубовта, страста и заедништвото што ги споделуваме преку музиката“, заклучува Себастијан, особено заблагодарувајќи им се на сите што придонесоа за реализација на проектот и на публиката што верно ги следи.