Новиот директор на „Браќа Манаки“ во прва посета на Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со новиот директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, актерот Димитрија Доксевски. На средбата се разговараше за плановите со кои директорот на фестивалот ќе пристапи кон организација на новото фестивалско издание на „Браќа Манаки“.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека Општина Битола, продолжува да обезбедува поддршка за овој значаен фестивал за Битола, кој е вистински промотор на градот во светски рамки.

Доксевски беше избран за директор на почетокот на месецов на свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ). Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот.