„Бијело Дугме“ го оживеа Дино Дворник во дуетот „Na zadnjem sjedištu moga auta“

Легендарниот рок состав „Бијело Дугме“, кои периодов се на голема турнеја, подготви изненадување – дует со Дино Дворник, благодарение на вештачката интелигенција.

На неодамнешните концерти во Арена Загреб, публиката можеше за првпат да ја слушне новата верзија на култната песна „Na zadnjem sjedištu moga auta“, во која повторно „оживува“ вокалот на Дино од 2005 година (од архивата на емисијата Ретроманија). Овој втор сингл од претстојниот албум на бендот веќе предизвикува бранови на емоции и ентузијазам.

Користејќи комбинација на вештачка интелигенција и музичка продукција, гласот на Дино беше дигитално пренесен. На новата инструментална придружна песна, Тифа и Исламовиќ додадоа вокал, додека Горан Бреговиќ ги потпиша продукцијата, аранжманот и гитарите. На бас е Зоран Реџиќ, а на тапани Драган Ѓиѓи Јанкелиќ.

Спотот, кој комбинира архивски снимки, анимации и нови кадри на бендот. Создаден е во тесна соработка со семејството на Дино и Кроација рекордс, со емотивна порака за музиката како вечна врска меѓу генерациите. Песната првично беше објавена во 1979 година на албумот „Битанга и принцеза“.