Македонската актерка и професорка по телевизиска, радио и филмска игра на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова, објави уште една книга. Трпкова која на јавноста и е позната по главните улоги во култните „Дом за вешање“ на Емир Кустурица, „Џипси Меџик“ и „Среќна Нова 49-та“ на Столе Попов и „Збогум на 20-ти век“ на Дарко Митревски речиси 30 години е посветена на академската кариера. Владиката Давид е викарен еписокоп на Скопската епархија, по обединувањето на ПОА на Вранишковски со МПЦ-ОА.
Епистоларната проза „Проникнување“ на Епископот дремвитски Давид (Нинов) и проф. Синоличка Трпкова нема датуми, што бездруго упатува на фактот дека дијалогот е сместен во едно, да се изразам – безвремено време. Очигледно е дека авторите на книгата не само што ги проникнуваат уметноста и теологијата, туку генерално водат една философско-уметничко-теолошка расправа, која исцрпно обработува одредени теми поврзани со човековото животно искуство, со филмот, со поезијата. Наместа, авторите испишуваат и лични случки, средби и патувања, одредени анегдоти од животот, кои на книгата ѝ даваат посебен шарм и како една целина ја прават особено интересна за читање, и битна за збогатување на сопствениот емпириски опит. Книгата „Проникнување“ е вистинско освежување на македонската проза и упатува на фактот дека насекаде во уметноста на живеењето треба да ја бараме и да ја наоѓаме убавината, бидејќи според зборовите на Достоевски: „Убавината ќе го спаси светот“!
Епистоларен роман е вид на роман кој е раскажан како збир од документи, најчесто писма. Под поимот се подразбираат и романи кои се напишани како дневници или исечоци од весник. Нејзиниот книжевен првенец „Никогаш не кажувам“, збирка на куса проза беше објавена во 2021 година.