Во Струмичкиот театар започнаа пробите за новата театарска претстава „Синот“, по текстот на еден од најпрепознатливите и најактуелните драмски писатели на денешницата – Флоријан Зелер.
Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата улогите ќе ги толкуваат Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова. Михаил Велков и Ванчо Василев.
Текстот е дел од трилогијата „Мајка“ „Татко“ и „Син“. Мицевски претходно режираше претстава по текстот „Мајка“ во својот матичен Битолски театар. А триологија е поставувана и во Велешки театар, и тоа „Татко“ во 2022 и „Мајка“ во 2025 година. Во моментов и во Театар Комедија се подготвува претстава по текст на Флоријан Зелер, „Вистината“.
Претставата е дел од Годишната програма и се реализира со материјална поддршка од Министерството за култура и туризам.