Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена, најави голем концерт во Скопје на 18 декември во СЦ „Борис Трајковски“. По тој повод Лепа Брена деновиве престојува во Скопје.
Култура24 беше на средба со Лепа Брена и од таму Ви пренесуваме што кажа Лепа Брена за престојниот концерт. А ќе можете да видите и прочитате што мисли за „Ѕвездите на Гранд“ и периодот на живеење во Скопје.
Брена откри дека синот Стефан дефинитивно завршил со шоубизнисот а порача и дека секој нејзин концерт е „Хајде да се волимо“.
На 18 декември ќе имате голем солистички концерт во Скопје. Што подготвивте за македонската публика во СЦ „Борис Трајковски“?
Со години бевте дел од „Ѕвездите на Гранд“. Како денес гледате на овој телевизиски формат?
На почетокот 90. години на минатиот век живеевте во Скопје. Како се сеќавате на тој период и Скопје тогаш?
„Јас тогаш го имав само постариот син Стефан и мојот сопруг одлучи да се преселиме во Скопје. Дојдовме тука со нашата секретарка. Мене тоа ми беше многу чудно, меѓутоа, бидејќи ние двајца сме светски патници, домот ви е таму каде што ви се децата, каде што ви е сопругот и каде што работите. Можам да ви кажам дека навистина уживав и дека многу добро се сеќавам на тој убав период. Тука поминавме нешто повеќе од година и пол. Најмногу уживав во македонската храна. Можеби не изгледам како гурман, но ги обожавам сите производи од модар патлиџан, пиперки и домати. Скопје се гради и има голем напредок. Јас сум стара Југословенка. Така сум родена и не се менував ниту во оние лоши времиња. Сметав дека југословенството има една ширина, која би ја нарекла космополитизам и пацифизам. Луѓето ги делите на добри и лоши, а можеби јас ги делам на работници и неработници.“
Го споменавте Стефан, кој своевремено еден период се занимаваше со музика. Дали Стефан се уште е активен во музиката?
Минатата година на екраните се врати „Жикина династија“. Дали Брена би се вратила со „Хајде да се волимо“?
„Јас сум носталгичар. Воспитана сум како Југословенка. Тогаш имавме само две телевизиски програми. Се радувавме и на телефоните и на правосмукалките и на целиот тој технолошки напредок што ја затекна нашата генерација. На телевизија можевме да гледаме исклучителни личности од светот на спортот и науката, детски и културно-забавни емисии, најдобрите актери, најдобрите спортисти, светските научници и најновите светски серии. Со тоа наше ниво и стил на едукација, ние сметаме дека на телевизија треба да биде само она што најдобро и што може да биде едукативно. Но и да ги разгали вашето срце и душа. Денес мислам дека тој систем со приватните и широки кабловски мрежи и телевизии уништен. Јас кога ги снимав тие филмови ние имавме на љубов и радост. За мирот не требаше ниту да зборуваме бидејќи се подразбираше. Дали би снимила нов „Хајде да се волимо“? Тоа е сега многу тешко, јас тогаш имав екипа која сериозно се занимаваше со тој дел од работата. Тоа е симбол на моето време. Знам дека со тие филмови одамна се запишав во историјата и сигурно дека сите генерации ќе ме паметат по нешто убаво и топло. Но, секој мој концерт и ден денес е порака „Хајде да се волимо“.
Концерт е во организација на Тара продукција, а организаторот Николај Давидовски изјави:
„Концертот ќе биде на највисокото можно ниво. Покрај музичкиот дел ќе се задржиме на продукцискиот дел. Што значи многу визуелни ефекти, многу реквизити и изненадувања.“