Денес во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се одржа првата проба за новата театарска претстава „Обгорени“, од современиот драмски автор Важди Муават, во режија на Борче Василески.
„Обгорени“ (оригинален наслов „Incendies“) е моќна и потресна семејна драма за потрагата по вистината, наследството на војната и тајните што со години остануваат закопани во минатото. Во оваа комплексна и емотивно слоевита драмска приказна ќе настапат актерите Зорица Панчиќ, Талија Настова, Филип Христовски, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски, Талија Ѓорѓиева и Теона Крстеска.
Режисер е Борче Василески, авторската музика е на Сашко Костов, сценографијата на Мартин Манев и костимографијата на Сара Милевска.