„17“ со две награди на LIFFe во Љубљана

Две меѓународни жирија го наградија македонскиот филм „17“ на 37. Меѓународен филмски фестивал во Љубљана (LIFFe). Жирито на натпреварувачката селекција „Перспективи“ му ја додели наградата Kingfisher за најдобар филм, а жирито на филмските критичари го награди со ФИПРЕСЦИ.

Покрај двете награди од Љубљана, „17“ има и номинација за Европските филмски награди 2027 во категоријата „Европско откритие – Prix FIPRESCI“, посветена на дебитантски долгометражни играни филмови. Добитникот на ова европско признание ќе биде прогласен на 16 јануари 2027 година во Атина. „17“ е и македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Во своето долгометражно деби, Косара Митиќ ја следи седумнаесетгодишната Сара, која за време на училишна екскурзија станува сведок на сексуално насилство врз својата соученичка Лина. Двете девојки се обидуваат да го прекинат кругот на насилство.

„17“ е копродукција на Македонија, Србија и Словенија, реализирана со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Македонија. Продуцент е „Црна мачка продукција“, во соработка со копродуцентите „Декември“ и „Арт енд попкорн“.