Тони Михајловски е лауерат на театарскиот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во Крива Паланка.

Овогодинешен лауерат на истоимената награда е актерот Тони Михајловски. На фестивалската програма се претстави од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија.

На 28 септември настапува Театар Комедија од Скопје со „Кокошка“, На 29 септември „Призор плус“ од Белград со „Комедија на збрката“, на 30 септември Велешкиот театар со „Тестостерон“.

Октомври започнува со Кумановскиот театар со „Не можам да платам, не сакам да платам“ на 1 октомври, на 2 октомври настапува продукцијата „МАНА“ во копродукција со МНТ со „Вонземјани“, 3 октомври е резервиран за Народниот театар од Лесковац со „Прељубници“, 4 октомври настапува Општинскиот народен театар од Ќустендил со „Мојот најдобар пријател“, на 5 октомври е продукцијата „Монтесцена“ од Подгорица со „Црногорец во кревет“ а последни на 6 октомври настапуваат продукцијата „МониКарт“ од Нови Сад со „Балкански мажи“.

Сите претстави ќе се играат во Центарот за култура од 19:30 часот.