Пасворд Продукција има особена чест да го најави и организира најголемиот концерт досега на Ана и Игор Дурловски!
На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани. Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска.
Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од „Tрст виа Скопје“, па на крај сите заедно да си спомнеме за „Дејгиди луди млади години”.
Една вечер, два гласа и ЗАВЕТ, кој овој брачен пар си го даде дека целото искуство собрано по светските сцени ќе се врати и ќе го претстави дома. Завет, дека македонскиот глас ќе се слушне насекаде низ светот. Завет за концерт кој доаѓа како круна на нивната 30 годишна работа и нивната љубов, еден кон друг и заедничката кон Македонија. За крајот на 2026-та еден е изборот, ЗАВЕТ – „од светот до изворот“. Настан што не се случува секој ден, светски спектакл со она што Македонија го има како најдобро, ЗАВЕТ со македонски уметници на македонско тло!