11 претстави од Србија, Бугарија, БиХ и Македонија на Денови на комедијата во Куманово

Од 23 септември до 5 октомври во Куманово ќе се одржува 29. издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“.

Фестивалот се отвора на 23 септември со премиерата на Театар Куманово, „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов. На 24 септември гостува Народно позориште Источно Сараево со „39 степеника“. На 25 септември гостува Драмски театар со „Болва во уво“, 26 септември на програмата е „Покондирена тиква“ на Народно позориште Приштина, а на 28 септември Народно позориште – Ниш со „Кљукана династија“. Септемврискиот дел од програмата завршува со Сатиричниот театар „Александар Костантинов“ од Софија со „Кревет за двајца“ на 29 септември а на 30 септември настапува Штипски театар со Сладолед за жени.

На 1 октомври ќе биде изведена претставата „Првиот господин“ на Албански театар од Скопје. На 2 октомври гостува „Секстет“ на Народниот театар – Битола, 3 октомври е резервиран за „Аматери“ на Театар Комедија а фестивалот завршува со „Не можам да платам“ на Театар Куманово.