41-то издание на Меѓународниот фестивал на алтернативен театар (FIAT) во Подгорица, заврши синоќа со доделување награди на најдобрите уметници и продукции.
Специјалното признание „Никола Бошковиќ“ за најдобар млад актер му беше доделено на македонскиот актер Бранко Михајлоски за неговата улога во претставата Теорема, леме, во продукција на театарот „Златен елец“ и во режија на Мирко Радоњиќ.
Михајлоски беше награден за како што се наведува во образложението на жирито – исклучителни актерски постапки што го доловуваат односот меѓу луѓето и половите, однос кој останува недефиниран. Преку пазолиниевска интерпретација и чувство на безполовост, претставата покренува прашања поврзани со човечкото битие, телото, идентитетот и границите на слободата.