Хуманитарен концерт на Ана Петан бенд оваа сабота во Хераклеа

Подгответе се за вистински  rock n’ roll за хумана цел! Hair-aclea 2026- разигрување на античкиот град Хераклеа. Го носи звукот на 80-тите и златната ера на рок бендовите директно во прекрасниот антички амфитеатар.

Со учество на Ana Petan Band, познати по моќниот вокал на Ана и нејзината енергична сценска присутност, ќе го раздрмаат подиумот со најголемите хитови и препеви од легендарните „Bon Jovi“, „Poison“, „Def Leppard“ и многу други.

Секој купен билет е поддршка за „Lighthouse of Hope“, Здружение од Битола посветено на пружање надеж, љубов и грижа за децата без родители. Нивен главен проект е терапевтскиот дневен центар „The JOY Home“, каде што децата доаѓаат на физикална терапија и терапија преку игра, како и за учење животни вештини и друго. Секојдневно работење целосно се финансира преку донации. „The JOY Home“ е отворен од ноември 2021 година и во изминатите 5 години има обезбедено терапија за повеќе од 50 деца.

Затоа, извадете ги вашите омилени кожни и тексас парчиња, купете си билети и придружете ни се на вечер исполнета со незаборавни рок фризури, моќни гитари и уште поголемо срце. Заедно можеме да направиме промена — една моќна рок балада по друга!