Актерот и режисер Ќирчо Ѓоргиев од Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица ќе биде член на стручното жири на Меѓунардониот театарски фестивал за деца и млади – ДОПС во Јагодина, Србија.
Ѓоргиев внесува меѓународна димензија и режисерски сензибилитет во жирито. Тој е познат на нашата публика и стручната јавност по неговите исклучително успешни продукции, култни претстави, меѓу кои и повеќекратно наградуваната претстава „Умри машки“. Тој одиграл 120 улоги. Кире ќе ги оценува претставите од перспектива на режисерската концепција, сценското движење, ритамот и колективната игра на театарските ансамбли.“ – вели уметничкиот директор на фестивалот, Бојан Милорадовиќ.
Останатите два члена на жирито се Зијах Соколовиќ и Марија Вулиќ. Живата легенда на регионалниот театар, актер, режисер и професор Зијах Соколовиќ. Познат низ целиот Балкан и Европа по својот уникатен актерски израз, авторски проекти и децениска работа на сценско образование на младите. Соколовиќ носи непроценлив уметнички авторитет на 16-тиот ДОПС фестивал. Неговото присуство гарантира дека младите актери на тркалезните маси ќе добијат непроценливи професионални лекции и охрабрување за понатамошна работа.
Гласот на водителот, како и врвната естетска експертиза, ќе го претставува Марија Вулиќ од Јагодина. Како применет уметник, наградуван автор на анимирани филмови, личност која со години работи на сценографски решенија за театарски претстави и како долгогодишен уметнички уредник во Културниот центар Јагодина, Вулиќ има богато искуство во оценување на големи фестивалски формати. Нејзината задача ќе се фокусира на визуелниот идентитет на претставите, од сценографијата и костимографијата, преку кукларството, до употребата на светла и маски, што е од клучно значење за театарот што им се обраќа на најмладите.
„Горди сме што за 16-тиот DOPS успеавме да собереме жири чии одговорности не се преклопуваат, туку напротив совршено се надополнуваат. Имаме врвен наставник по глума, докажан театарски режисер и рафинирано око на визуелен уметник. Овој ансамбл испраќа јасна порака дека DOPS го одржува највисокото уметничко ниво на Балканот кога станува збор за креативност за деца и млади.“ – додава Милорадовиќ.
Ѓоргиев е роден е во 1955 година. Во струмичкиот театар дебитирал во 1980 година, кога и се вработил во него. Поврзаноста со театарот му датира уште од почетокот на 70-тите години, во средношколските денови, преку режирање на претстави. На професионалната сцена на струмичкиот театар одиграл над сто улоги, а потписник е и на неколку режии. Два мандата бил в.д. директор на струмичкиот театар. Има голем придонес во развојот на театарскиот аматеризам во Струмица и Струмичко па и пошироко преку режирањето над педесетина претстави со средните училишта во Струмица но и со институции од културата во Југоистокот. За таа своја дејност бил неколку пати наградуван како режисер, сценограф или костимограф на амтерските театарски фестивали во земјава и во регионот. Играл во некоку долгометражни филмови и ТВ серии. Двапати бил добитник на награди од Општина Струмица за неговиот придонес во културата. Се пензионирал во 2021 година. И сега, како пензионер, учествува во некои театарски проекти на струмичкиот театар како, на пример, во претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
16-тиот Меѓународен детски и младински театарски фестивал ДОПС, ќе се одржи во Јагодина од 26 до 31 октомври.