Во Велешки театар започнаа пробите за „Тестостерон“

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес започна со пробите за претставата „Тестостерон“ по текст од полскиот автор Анджеј Сарамонович а во режија на Синиша Евтимов.

Во претставата улогите ќе ги толкуваат : Јордан Витанов, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски , Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски и Филип Хростовски.

Премиерата ќе биде на 27 март.

Во декември минатата година Велешки театар имаше премиера за најмладата публика – „Поштарска бајка“. А месецов дури шест изведби беа распродадени уште уште пред почеток на феверуари.