„Ковчег злато“ нова песна и спот на Дарио

Дарио Панковски синоќа на публиката и ја претстави својата нова песна „Ковчег злато“, со која воедно го најавува и истоимениот албум кој излегува наскоро.

Песната и спотот се снимаа месецов. Музиката и текстот се на Дарио во тандем со Кристијан Габровски како арнажер. Спотот го реализираше Александар Принц. И двајцата традиционални соработници на Панковски.