Откако ја воодушеви публиката со енергичен настап на „Мелодије Јадрана“, Нина Бадриќ ја претставува песната „Alive“.
„Ова е песна која не е оптоварена со пласман, но ме прави исклучително среќна! Се вратив на моите почетоци и на „вајбот“ што отсекогаш бил присутен на многу мои албуми.“ – рече Нина и забележа дека „вајбот“ можеби е ист, но дека пронашла сосема нова енергија со новиот тим со кој соработува.
Покрај Лука Јовановиќ со кого пронашла нов звук, Нина пронашла и прекрасен партнер за работа на текстот, познатата српска кантавторка – Бојана Вунтуришевиќ.
„Мојата долгогодишна желба беше да соработувам со Бојана и среќна сум што заедно создадовме текст кој е автентичен.“ – објаснува Нина.
Енергичната песна е придружена со уште поенергично видео режирано од еден од најбараните режисери во моментов – талентираниот Фране Памиќ.
„Секогаш си поставувам нови цели во музиката, но и во видео продукцијата. Затоа имавме одлична соработка на снимањето на видеото со младиот режисер Фране Памиќ и сум многу задоволна од естетиката на видеото што совршено ја придружува песната „Alive“.“ – заклучи Нина.