Синоќа, во магичната атмосфера на Смедеревската тврдина, официјално беше затворено 12. издание на Меѓународниот амбиентален театарски фестивал „Театар во тврдината“.
Финалната вечер започна со церемонија на доделување на фестивалските награди за која одлучи стручното жири: Исидора Миниќ, драмски уметник, д-р Зоран Максимовиќ, театролог, и претседател на жирито Горан Ибрајтер, писател и извршен директор на „Стеријино позорје“ од Нови Сад.
Наградата за најдобар актер „Деспот Ѓураѓ Бранковиќ“ ја освои Исидор Јованоски за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“ на НУ Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот од Велес!