Организаторот на прилепскиот „Пиво фестивал“, „Vibe Event“ ja објави целосната програма на престојното издание на познатата манифестација.
Петок, 17-ти јули започнува со Кристијан Демјански и Escape Band а продолжува со Наташа Малинкова и Антонија Гиговска а завршува со Битолскиот Камерен Оркестар со Ристо Самарџиев, Наде Талевска и Андријана Јаневска.
Втората фестивалска вечер, 19-ти јули започнува со Јана Мрческа и нејзиниот бенд, а по неа следуваат група „Калабалак“, Дамјан Стојановски и Харис Џиновиќ за финалето на вечерта.
Завршната вечер, 20-ти јули на програмата ќе бидат: Екстра бенд, Модерато бенд, Тајзи и Никола Роквиќ.
