Премиера на „Носферату 2025“ во Театар Штип

Народниот театар – Штип утре ќе ја одигра премиерата на „Носферату 2025“ во режија на Бојан Трифуновски.

„Славам дваесет години кариера оваа година. Овде ми е второ дома, зошто во кариерата барате место каде што можете да дојдете и да се чувствувате како со сопственото семејство. Да се сакате, да се расправате на креативни теми, да дебатирате и во демократски процес да направите една комедија.“ – истакна Трифуновски.

Во претставата играат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Миле Вртеоски, Елена Шорова – Дербов, Марија Минчова – Андонов, Милорад Ангелов, Стефанија Митовска, Никола Кузелов и Ангелка Нашкова.

Се работи за пародија и комедија инспирирана од вампирско семејство кое живее повеќе од пет века. Идејата за претставата била на сега покојниот директор Филип Стефановски, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.

„Чувстувам тежина, овој проект го започна нашиот покоен раководител Филип Стефановски, човекот кој го сонуваше овој ден и кој што ќе му беше негова прва прес-конференција и проект. Многу недостасува и затоа јас лично и колегите оваа претстава ќе му ја посветиме. Веројатно ќе се радува таму негде горе“ – рече актерот Милорад Ангелов.