Почина пијанистот Матија Дедиќ – синот на Арсен и Габи Новак

Познатиот хрватски џез пијанист и композитор Матија Дедиќ почина денес во Загреб на 53-годишна возраст, дознава „Јутарњи“.

Тој беше еден од најпознатите хрватски џез музичари. Потекнува од музичко семејство (син на Арсен Дедиќ и Габи Новак), а во 1997 година дипломирал џез на Академијата за уметности во Грац (Харалд Нојвирт).

Од 1994 година е член на квартетот „Бојлерс“, а кон крајот на 1990-тите го основал својот бенд (Матија Дедиќ трио).

Соработувал со познати џез музичари (Бошко Петровиќ, Дарко Јурковиќ, Тамара Обровац, Ладислав Фидри, Бастер Вилијамс, Џеф Балард, Лени Вајт, Лари Гренадиер, Антонио Санчез, Скот Коли, Кендрик Скот, Висенте Арчер, Марк Марфи, Игнасио Бероа и со најпознатите хрватски музичари од други жанрови.

Настапувал во бројни европски земји, во Бразил и во САД. Во 2002 година, тој беше финалист на натпреварот за млади џез пијанисти на Џез фестивалот во Монтре.

Објавил свои композиции на албумите Octopussy (1998), Solo/Part 1 (2000), Sentiana (2012), Ligherian Rhapsody (2015), Dedicated (2017) итн., како и аранжмани на композиции од други автори на албумите Tempera (2004; Zlatan Stipišić – Gibonni), Kontesa (2010; Dora Pejačević), Matija svira Arsena (2015; Arsen Dedić) итн. од Телевизискиот и театарскиот оркестар.

Добитник е на наградата на Хрватското здружение на композитори за најдобар џез композитор, како и повеќекратен добитник на наградите Status и Porin за најдобри џез албуми, композиции и инструментални изведби.