Милле Кекин, еден од најпрепознатливите гласови на екс-југословенската рок сцена и поранешен фронтмен на „Хладно пиво“, ја претставува својата нова песна „Илица и марица – хајка за одрасле“. Ова музичко дело произлезе од неговото лично искуство со притворањето, а преку нотите на песната Миле го канализираше својот гнев, го зачинуваше со иронија и го обликуваше во сурова енергија.
„Песната „Илица и марица – хајка за одрасле“ е напишана врз основа на вистински настани и како таква, документарно го опишува моето притворање, но и сè што ми поминуваше низ главата додека ме возеа на суд со полициско комбе. (Зошто нема безбедносни појаси во комбето? Зошто има толку многу отпушоци од цигари на подот? Дали е дозволено пушење? Дали работи клима уредот?) Излезе бесна, жестока и лута затоа што така се чувствувам. И мислам дека таков одговор е потребен денес, кога во реално време сме сведоци како темнината полека ни се спушта.“ – рече Миле Кекин за песната.
Видеото за песната го режираше познатиот режисер Предраг Личина, додека Иван Задро беше задолжен за камерата. Атмосферата на видеото беше дополнително оживеана од бројни статисти, на кои Кекин им се заблагодарува за нивната енергија и присуство.