„Екскурзија“ наскоро во Театарот за деца и младинци

Младинската претстава со работен наслов „Екскурзија“, во авторство и режија на Јане Спасиќ, веќе го започна својот театарски пат. Пробите за претставата се во тек, а на сцената ќе застане исклучителна актерска екипа: Бојан Кирковски, Никола Наковски, Ненад Митевски, Матеа Јанковска, Ангела Димитрова, Драган Довлев, Ана Левајковиќ и Изабела Новотни.

Но, што навистина се случува на таа екскурзија? На прв поглед, сè изгледа како уште една викенд-екскурзија – излез од градот, малку природа, малку тишина. Но, кога еден од учениците исчезнува без трага, групата е фрлена во лавиринт на сомнежи, паника и скриени тајни. Додека возрасните се обидуваат да го „смират“ случајот, децата почнуваат своја истрага, која полека, но болно, ја одмотува реалноста и покажува што значи да си млад во општество што те гледа, но не сака да те чуе. Напната. Возбудлива. Искрена. Претстава која ќе ве плени.

Премиерата пристигнува наскоро. Следете нè!