Во свет полн со разлики, постои еден универзален јазик што ги обединува сите, а тоа е музиката. „Ехо на Единството“ е звучна мапа на емоции, вредности и културна поврзаност што ја премостува тишината меѓу луѓето.
Под водство на реномираниот диригент Евгениј Шчербаков, и со виртуозната интерпретација на младиот солист Симон Поповски на виолина, оркестарот ќе ја поведе публика низ дела на исклучителни композитори: Евгениј Шчербаков, Гоце Коларовски, Оскар Гигеле и Сони Петровски.
Нивните композиции носат различни музички светови – од современи звуци до лирски рефлексии и длабоки духовни патувања. Секоја нота е чекор поблиску до заедништво. Секоја тишина – доказ за силата на спојот.
Концертот ќе се одржи во Офицерски Дом – Битола на 24-ти мај со почеток во 19 часот а влезот е слободен.
Придружете ни се и дозволете ѝ на музиката да биде вашиот водич кон она што не се кажува, но длабоко се чувствува.