„Pustit ću glas“ – нов сингл на „Парни ваљак“

Еден од најзначајните и највлијателните рок бендови во овој регион, „Парни ваљак“, го претставува својот нов сингл – „Pustit ću glas“. Ова е уште еден чекор кон нов студиски албум, на кој бендот интензивно работеше во последните месеци.

Песната е целосно напишана од Хусеин Хасанефендиќ – Хус, кој е одговорен за музиката и текстот. Продукцијата ја направи Маријан Бркиќ – Брк, а со песната беше објавен и видео запис со текст потпишан од Ива Чаиса од Кроација Рекордс.

„Pustit ću glas“ е шестиот во серијата синглови што бендот ги објави со новиот вокалист Игор Дрвенкар. Песните објавени досега: „Moja glava, moja pravila“, „Bogati će pobjeći na Mars“, „Sad kad znaš“, „Kad padne mrak“ и „Otkad te ne viđam često“ го достигнаа врвот на радиската листа на HR Топ 40.

Кон средината на февруари оваа година, Парни Ваљак започна и голема концертна турнеја 50, со која ја одбележаа својата 50-годишнина. Паралелно со концертите, бендот продолжува да работи на нов студиски албум, кој се очекува да излезе оваа година.