Бројни активности за Меѓународниот ден на музеите во Битола

НУ Завод и музеј – Битола најавува бројни активности за одбележување на 18 мај – Меѓународниот ден на музеите. Програмата трае четири дена и започна денес, со повторно отворање на музејската сувенирница наспроти Завод и музеј, која од сега ќе биде и билетарница на музејот.

На 15-ти мај во Хераклеја ќе се одржи интерактивна инклузивна работилница со учениците од ОУ „Крсте Петков – Мисирков“ од Бистрица под насловот „Мојот мозаик“.

На 16-ти мај ќе се промовира новата патека „Рампа“ во Магазата а предвидена е уште една интерактивна инклузивна работилница.

На самиот ден на музеите, 18 мај во Завод и музеј ќе биде отворена изложбата на монети „Приказните за Градиште во с. Црнобуки“.