НУ Театар Комедија патува со две комедии на престижниот „Бјеловарски одјеци казалишта“ – БОК Фест во Бјеловар, Хрватска.
На 30 април се отвора фестивалот со „Илуминати“ во режија на Синиша Евтимов, а следниот ден на 1 Мај се игра „Пар распар“ во режија на Нина Николиќ.
Актерската постава на „Илуминати“ ја сочинуваат: Тино Костадиновски, Атанас Атанасовски, Сергеј Димовски и Наталија Теодосиева кои играат по неколку улоги. Додека во „Пар распар“ играат: Тино Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.
БОК Фест е еден од најзначајните театарски фестивали во регионот, основан во 2003 година, кој секоја година привлекува врвни театарски продукции од Хрватска, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.