Македонската поп дива Калиопи ќе биде специјален гостин на овогодинешниот 24-ти по ред „Виенски бал“ во Скопје. Оваа година балот се одржува на 10-ти мај во хотел „Александар палас“.
Вечерта се отвора со оркестарот „Јохан Штраус“ под диригентска палка на Бисера Чадловска, а целокупниот настап ќе биде заокружен со изведбата на танцовата школа „Прима Данца“. По најголемите хитови на Калиопи, следуваат Свингерси бенд и вокалните солисти Дејан Бобиќ – Дексо и Билјана Ѓошева.
„Во забавната програма гледам да учествуваат наши уметници бидејќи имаме многу квалитетни уметници. Ќе има поп и латино на балот. Само два часа од осум часа целовечерна програма се валцери“. – вели Оливер Арсовски, долгогодишен организатор на манифестацијата.
Средствата од овогодинешниот настан да бидат донирани за семејствата на трагично настраданите во Кочани.