Џон Леџенд ќе пее на „Београд на води“

Холивудската суперѕвезда Џон Леџенд и шпанската дива Луз Касал ќе настапат на четвртото издание на Belgrade River Fest.

На отворањето на фестивалот на 9 јуни, публиката ќе ја има ретката можност да присуствува на концертот во живо на Џон Леџенд, еден од најнаградуваните музичари на нашето време и еден од само 19-те луѓе во историјата што добиле ЕГОТ – наградите Еми, Греми, Оскар и Тони. Неговата песна „All of Me“ е една од најслушаните балади на сите времиња, со преку 2,5 милијарди прегледи на YouTube.

Втората фестивалска вечер, 10-ти јуни, е резервирана за Луз Касал, шпанска музичка икона чиј глас ја носи страста на Медитеранот. Нејзините легендарни хитови „Un año de amor“ и „Piensa en mí“ ќе добијат ново, грандиозно руво во придружба на Симфонискиот оркестар на РТС, обезбедувајќи на публиката незаборавно искуство обоено со нотите на најубавата филмска музика, најавија организаторите.

Луз Касал во соработка со Мањифико ја отпеа познатата песна „Пукни зоро“ на шпански. Оваа емотивна интерпретација, насловена како „Madrugadas“, ги освои срцата на публиката и ја постави Луз Касал меѓу омилените уметници на овие простори. Во текот на нејзината кариера, таа соработуваше со оскаровецот Педро Алмодовар и е добитничка на престижни награди, како Латинско Греми за животно дело, Француски Орден за уметности и книжевност, наградата Гоја, како и Клучевите на градовите Париз и Мадрид.

Belgrade River Fest се одржува на 9-ти и 10-ти јуни, а билетите за концертите на Џон Леџенд и Луз Казал се продаваат преку Интернет, како и на продажните места на Тикет Вижн.