Започнаа пробите за „Галеб“ од Чехов во Велешки театар

Започнаа подготовките за новата претстава на Велешкиот театар. Се работи за „Галеб“ од Антон Павлович Чехов а во режија на Александар Ивановски.

Во претставата играат Славица Манаскова, Симона Димковска, Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Јордан Витанов, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Филип Христовски и Кире Ацевски.

Премиерата се очекува да биде на крајот на месец мај. После премиерите на претставите „Мајка“ и „Госпоѓа министерка“ ова е трета претстава од годинешната програма на театарот.