Британската амбасада во Скопје, во партнерство со Драмски Театар – Скопје, е домаќин на проекцијата на претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир на National Theater Live. Проекцијата е во среда, 23 април, од 19:00 часот, по повод одбележувањето на Денот на англискиот јазик и раѓањето на Вилијам Шекспир.
Проекцијата е во режија на Џонатан Манби, а во улогата на кралот Лир се појавува познатиот Сер Иан Меккелен. Сметана од многумина за најголемата трагедија некогаш напишана, кралот Лир гледа двајца остарени татковци – едниот крал, другиот негов дворјанин кои ги отфрлаат децата кои вистински ги сакаат. Нивното слепило ослободува торнадо од немилосрдни амбиции и предавства, додека семејството и државата се втурнати во насилна борба за моќ со горчливи завршетоци.
National Theater Live повеќе од 15 години за публиката снима театар во живо од највозбудливите сцени во Британија и го прикажува во илјадници кина ширум светот. Нивните снимени претстави ги видела публика од над 12 милиони луѓе.
За да освоите билет за проекцијата испратете е-пошта со наслов „Проекцијата на National Theater Live „Kрал Лир“ од Вилијам Шекспир“ на BritishEmbassySkopje@fcdo.gov.uk и одговорете на следниве прашања:
- Именувајте ја претставата од која потекнува цитатот – „Да се биде или не, тоа е прашањето“
- Колку сонети напиша Шекспир? 10, 101 или 154?
- Која беше последната напишана драма на Шекспир?
Британската амбасада Скопје ќе ве информира дали сте добиле билет и ќе ви испрати дополнителни инструкции.