Култната „Фрида“ на „Психомодо поп“ доби француска верзија отпеана од Давор Гобац

Уникатниот франкофонски бенд „Jall aux yeux“, познат по комбинирањето на францускиот јазик со различни музички стилови, уште еднаш ја воодушеви публиката со својот најнов сингл. По одличните преработки на култните песни „Ена“ со Дарко Рундек и „Тешке боје“ на Горан Баре и „Мајке“, на ред дојде и „Фрида“ на „Психомодо поп“

Станува збор за еден од најголемите хитови на групата „Психомодо поп“, која со текот на времето стана незаменлив дел од хрватската и југословенската музичка сцена. Сега во новата интерпретација доби електронски шмек и помодерен звук, задржувајќи ја душата на оригиналот. Соработката помеѓу „Jall aux yeux“ и Гобац не е само омаж на оригиналот, туку и начин да се доближат младите генерации до звукот кој носи нова перспектива на оваа песна.

Посебно е интересно што Давор Гобац се поттикнал да пее на француски. Во тоа му помогна пејачот на групата „Jall aux yeux“, Мирзах Пиралиќ, кој заедно со Давор Гобац е главниот протагонист. Доволна е големата енергија помеѓу двајцата фронтмени и новата одлична преработка на големиот хит „Фрида“ во која се мешаат рок, електро и инди елементи за да ја отпеете познатата песна и на француски.

„Фрида“ е третиот сингл што ќе се најде на новиот студиски албум на „Jall aux yeux“ посветен на реинтерпретацијата на поп и рок класиците од овие простори на француски јазик. Едно е сигурно – „Jall aux yeux“ докажува со својата единствена визија дека музиката не познава јазични бариери, со што создава мост помеѓу културите и музичките традиции.

Во продолжение се потсеќаме и на оригиналната верзија: