Хаусер ја отсвире „Јовано, Јованке“ (Видео)

Светски познатиот виолончелистот Стјепан Хаусер веќе некое време музички го спроведува меѓународниот проект „Music Unites the World“ во чии рамки ќе изведе по една препознатлива песна од секоја земја во светот.

Песната која ја претставува Македонија е „Јовано, Јованко“, која од вчера е нa сите негови профили на социјалните мрежи.

„Овој проект не е само музичко патување, туку глобален манифест на единство, доказ дека музиката не познава бариери или поделби. За прв пат во историјата, еден уметник ќе изведе препознатлива песна од секоја земја во светот, потврдувајќи го она што љубителите на музиката одамна го знаат. Музиката е универзален јазик што секој го разбира, без разлика на потеклото, културата или јазикот“, се вели во соопштението за овој проект.

Досега на Инстаграм профилот на Хаусер има објавено изведби на автентични песни од 20-тина земји од различни делови на светот, кои добиле милиони прегледи.

Хаусер има намера редовно да објавува нови песни, како и моменти и приказни од зад сцената од различни делови на светот.

@hauser

NORTH MACEDONIA 🇲🇰 – Jovano, Jovanke 🎻 #MusicUnitesTheWorld #Hauser #northmacedonia

♬ original sound – HAUSER