Том Хенкс музички го рекреираше „Forest Gump“ во новиот спот на син му

Чет Хенкс ја презема улогата на неговиот татко во новото музичко видео за неговиот бенд „Something Out West“. Синот на популарниот актер рекреираше неколку сцени од филмот „Forest Gump“, облечен како ликот од филмот, со cameo појавување од Том Хенкс.

Иако текстот на песната не упатува на филмот од 1994 година, освен во забавниот наслов, музичкото видео целосно го пародира „Forest Gump“, создавајќи ја препознатливата сцена на клупата од филмот. Хенкс исто така настапува на брод инспириран од риболовниот брод на Гамп и рекреира секвенца од филмот каде што се трка низ Америка. Отприлика на половина од видеото, Том Хенкс се појавува на клупата во паркот седи до својот син, кој се уште е облечен како Гамп. Ги спушти очилата, со неверување погледна во камерата и ги крена рамениците. На крајот од видеото, Чет силно го прегрнува својот татко.

Следејќи го американскиот тренд, Чет Хенкс направи транзиција од хип-хоп во кантри музика и се здружи со Дру Артур во ново дуо, „Something Out West“. Тие дебитираа минатиот месец со песната „Leaving Hollywood“, а сега се вратија со кантри рок песната „You Better Run“.

Чет Хенкс и Артур го формираа „Something Out West“ во Калифорнија, каде што беа цимери. Откако се отрезниле од Холивуд, тие се преселиле во Нешвил, каде дуото потпишало со кантри гигантите „Big Machine Records“. Моментално се во студио со продуцентот Џулијан Рејмонд, каде работат на нивниот деби албум. Ова е најновиот музички подвиг на Чет, по неговото исмејувано деби во хип-хоп музиката во 2021 година со синглот „White Boy Summer“. Тој, исто така, потпиша договор со издавачката куќа на Soulja Boy и објави соработка со FUX WITCH, но потоа не објави повеќе хип-хоп песни.