Ник Кејв ќе одржи концерт во Скопје

Култниот музичар Ник Кејв за прв ќе одржи концерт во Македонија! Кејв на 22 август ќе настапи на фестивалот „Skopje Calling“.

Кејв во Скопје доаѓа без својот бенд „Bad Seeds“ а во рамки на неговата соло турнеја. Познат по неговиот баритонски глас, музиката на Кејв се карактеризира со емоционален интензитет, широк спектар на влијанија и лирски опсесии со смртта, религијата, љубовта и насилството.

Во Скопје ќе го придружува басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд а пред Скопје два дена ќе настапува во античкиот театар во Пловдив, Бугарија.