Хрватскиот пејач Томпсон продаде 227.000 влезници за својот концерт во Загреб

Хрватскиот пејач Марко Перковиќ – Томпсон, познат по своите патриотски и христијански песни кои често се окарактеризирани како националистички, закажа голем концерт на 5-ти јули во загребскиот Хиподром. Според неофицијални информации, продадени се 227.600 билети, што доколку се потврди е светски рекорд. Продажбата започна вчера а се продадоа над 130.000 билети во првите 6 часа од продажбата, што го прави најголемиот и најбрзо продаваниот концерт во историјата на Хрватска и овој дел од Европа. За споредба, минатата година на истата локација свој концерт одржа светската ѕвезда Ед Ширан кого го слушаше публика од околу 70.000 луѓе.

Неверојатно високиот интерес резултираше со рекорден број посетители на платформата Entrio – повеќе од милион и пол луѓе дојдоа на веб-страницата на Entrio за да купат билети само во првите 6 часа, а вчера имаше над 200.000 луѓе во виртуелната онлајн чекална во секој момент. И покрај деталните технички подготовки и повеќекратното зголемување на капацитетот на инфраструктурата на серверот, невидената брзање за билети во овие региони ги надмина сите очекувања.

Поради исполнување на максималниот капацитет за безбедно одвивање на концертот, продажбата уште истиот ден е прекината а Томпсон најавува и втор концерт.

„Подготвени сме за вториот концерт, го чекаме одговорот на Градот! Поради исклучително големиот интерес и многубројните барања од оние кои не можеа да обезбедат билети за концертот, менаџментот е подготвено да организира дополнителен концерт на 6 јули. Во моментов сме во контакт со надлежните градски служби и чекаме нивна официјална потврда.“ – велат од менаџментот на Томпсон.

Претходниот светски рекордер по број на продадени билети беше настапот на италијанската суперѕвезда Васко Роси во Модена во 2017 година, кога беа продадени 225.173 влезници.